Дали знаевте дека железо-дефициентната односно сидеропенична (недостаток на железо) анемија е сезонска состојба, почеста во зима и рана пролет?
Дневните потреби за железо варираат зависно од физиолошката состојба (менструација, крварење, бременост) и прехранбените навики (вегетаријанци, вегани).
Железо-дефициентната анемија е најчестиот нутритивен дефицит ширум светот. 2% од возрасните мажи и 9 до 12% од возрасните жени кај нас имаат железо-дефициентна анемија.
Застапеноста (преваленцијата) на анемија е важен показател за јавното здравје, а кога се користи заедно со други мерења за присуство на железо и концентрацијата на хемоглобин во крвта може да даде информација за тежината на недостатокот од железо меѓу населението. Мерењата на феритин и трансферин рецептор во серум се најдобриот пристап за мерење на состојбата со железо во организмот кај популациите.
Македонија се соочува со јавно-здравствен проблем во однос на високата стапка на анемија поради недостаток од железо, што е еден од најзначајните јавно-здравствени проблеми во светот. Анемијата поради недостаток од железо е длабоко поврзана со недостатоци на други микронутриенти поврзани со анемијата, како што се витамин Б12 и фолна киселина.
Последното истражување на УНИЦЕФ за жени во репродуктивна возраст и деца на возраст 6-59 месеци во Македонија даде поразителни резултати за честата застапеност на анемија кај нас.
Помалку од 1/3 од нашето население не знае ништо за причините или симптомите на анемијата, ниту има познавања за прехранбените производи богати со железо.
Застапеноста на анемија во Македонија е највисока кај жените на возраст 20-24 години и постари од 35 години. Застапеноста на анемија кај сите деца е 21,8%, споредено со 16,7% во европскиот регион.
За дијагноза, покрај хемоглобинот, се препорачува испитување и на серумскиот феритин. Вкупниот капацитет за врзување на железо, заситеноста на трансферинот, серумското железо и серумскиот трансферин рецептор може да помогнат за дијагноза доколку нивоата на феритин се помеѓу 46 и 99 нанограми на милилитар (46 и 99 микрограми на литар); понекогаш дефинитивната дијагноза може да се постави само со биопсија на коскената срцевина. Хемоглобинот треба да се испитува во интервали од 1 месец.
Поликлиниката Мед-Х располага со биохемиска лабораторија со најсовремена опрема од светски производители и високо стручен и специјализиран кадар и нуди комплетна биохемиска дијагностика.
Ефикасни, брзи услуги и резултати во најкраток временски рок.
Powered by Nikob Lab.
Работно време понеделник-петок 08-12 часот.
Срцевиот ултразвук, познат и како ехокардиографија, е неинвазивно дијагностичко испитување кое користи звучни бранови со висока фреквенција за да произведе слики од срцето. Ова испитување е клучна ала...
Од многубројните коскено-мускулни деформитети, денес најголемо значење се придава на СКОЛИОЗАТА. Тоа е еден од најчестите деформитети на ‘рбетот, а значи отстапување од нормалната (физиолошка) з...
Магнетната резонанца (МР) е еден од најважните пронајдоци во модерната медицина. Со помош на магнетна резонанца, лекарите можат точно да ги проценат и дијагностицираат состојбите кои инаку би можеле т...