Радиологија
Нашиот тим е вклучен од врвни, едуцирани и обучени професионалци, кои ги почитуваат принципите на етички кодекс, секогаш подготвени да одговорат и на најкомлицираните задачи.
Пакет скрининг против рак на дојка мамографија + ултразвук (ехо). Рак на дојките е најчестиот вид рак кај нас. Редовен скрининг е најдобрата шанса на време да се открие рак на дојката, додека е сѐ уште мал и може да се третира. Раното откривање може да спаси живот, особено кај рак на дојките.
Остеоартритисот (ОА) претставува најчесто мускулно-скелетно заболување што се карактеризира со постепено губење на зглобната 'рскавица. Тоа доведува до постепено истенчување на 'рскавицата и зголемено триење на коскените структури што води до болка, вкочанетост, отежнато и нарушено движење.