Закажи
термин

Врвни услуги од современата медицина

Резултати базирани на брза и прецизна дијагностика. Секогаш фокусирани во работата за зголемување и проширување на клубот на задоволни пациенти.

Историја на поликлиниката

Историја на поликлиниката Дијагностичкиот центар Мед – Х официјално е отворен од 28.08.2010 година.

Најпрвин почнавме со рентген и ехо дијагностика, а потоа во 2011 година се проширивме со компјутерска томографија од отворен тип.
Од 2012 година почнуваме со MRi дијагностика и мамографија. Во 2013 година го отворивме центарот за болка и физикална терапија и прераснавме во поликлиника и центар за болка. Но тука не застана нашето проширување и во 2015 година ја збогативме нашата поликлиника со интернист кардиолог.

Во 2020 година отворивме консултантска амбуланта за неврохирургија. Нема да застанеме овде туку имаме нови проекти кои сакаме да ги реализираме за да го направиме животот на сите подолг и полесен.

Нашата мисија

Врвни услуги од современата медицина, резултати базирани на брза и прецизна дијагностика. Секогаш фокусирани во работата за зголемување и проширување на клубот на задоволни пациенти. Ефикасни и брзи услуги со презицна дијагностиката на болест, во најкраток временски рок. Нашиот тим е вклучен од врвни, едуцирани и обучени професионалци, кои ги почитуваат принципите на етички кодекс, секогаш подготвени да одговорат и на најкомлицираните задачи.

Нашата визија

Секојдневно работиме за да го задржиме приматот на лидери во услугите во приватното здравство во регионот. Но, и да се унапредува нивото на здравствените услуги и целокупниот здравствен систем. Професионалноста во работата на персоналот е синоним на работната култура, која создава институција вредна за почит, затоа што е чекор напред од останатите.

Нашите вредности

Секој пациентот е во центарот на нашето внимание. Прецизните резултати, нивното лекување, задоволните пациенти и грижата за него е суштината на сите наши активности. Таа продолжува и по напуштањето на поликлиниката од страна на пациентот. Градиме пријателство со пацинетите и тоа е наша и нивна најголема придобивка, која ја оддржуваме во овие години, затоа што решавањето на здравствените предизвици се наша цел.

Со нас се живее подолго!