Врвни услуги од современата медицина
Магнетната резонанца е високософистицирана дијагностичка метода за детектирање на промените во телото, кое нема штетно рентгенско зрачење.
Машината за магентна резонанца е всушност голем магнет, и кога пациентот ќе легне магнетното поле ги подредува молекулите на вода во вашето тело.
Радио брановите ги потикнуваат овие молекули на вода да произведат многу слаби сигнали кои се употребуваат за да се направат снимки со пресеци, но секогас одделно за секој дел од телото.
Магнетна резонанца на черепниот и `рбетниот мозок се употребува при дијагностицирање на:
Фунцкионалната магнетна резонанца исто така може да се употреби за да се идентификуваат важни делови од мозокот кои служат за контрола на јазикот и движењата кај луѓе кои се подготвуваат за операција на мозокот.
Магнетна резонанца на коски и зглобови се употребува при дијагностицирање на:
Присуство на метал во вашето може да преставува опасност или да влијае на дел од снимката. Кажете му на технологот доколку вашето тело има метал или електронски направи како:
Известете го технологот и доколку сте бремени, бидејќи се уште не се добро познати ефектите на магнетните полиња врз фетусот. Вашиот доктор може да ви препорача некое друго тестирање или одложување на магнетната резонанца.
Исто така е важно да кажете доколку имате проблеми со црниот дроб или со бубрезите бидејќи проблемите со овие органи може да донесат ограничувања на употребата на инјектираните агенси за време на тестирањето.
Треба да бидете совршено мирни за добивање јасна слика, што е понекогаш тешко за одредени пациенти во тесен, затворен простор.
Страв од затворен простор, поради кој некои пациенти дури добиваат и панични напади.
Затворената магнетна резонанца е многу гласна, за време на снимањето се слуша силна бучава.
Не е прилагодена за луѓе со поголема телесна тежина.
Отворената магнетна резонанца не е затворена капсула или тунел, туку магнетите се поставени само од горе и и од долу, а сите 4-ри страни се отворени, со што ризикот од панични напади поради страв од затворен простор е сведен на минимум.
Претставува соодветно решение за лица со поголема телесна тежина.
Бучавата ни оддалеку не е толку силна, а воедно и звукот не е толку вознемирувачки затоа што сите страни се отворени.
Далеку посоодветна за деца, затоа што родителот може да биде присутен од страна за време на снимањето.
Промовираат еднаквост и пристапност за неподвижни, или лица со физичка попреченост, затоа што е многу полесно ваквиот пациент удобно да се смести во нив.
Отворената магнетна резонанца е понапредна, затоа што постојано се истражува и работи за нејзино усовршување и зголемување на јачината на магнетното поле.
Предизвикува помалку несакани ефекти, затоа што не е потребна премедикација (седативи, лесни анестетици) за контрола на клаустрофобијата и вознемиреноста.
Помалку т.н. “артефакти” ако имате имплантирани метални предмети во телото од претходни хируршки зафати.
Најпосле, помал трошок за пациентот, затоа што нејзиното одржување е поевтино бидејќи не содржи криоген и има трајни магнети. Исто така, потребно е пократко време и инженерски труд да се инсталира и сервисира.
Иако затворената е повообичаена, доколку имате страв од затворен простор (клаустрофобија) или поголема телесна тежина, би требало да ја изберете отворената. Дизајнот на опремата не е единствената разлика меѓу отворената и затворената магнетна резонанца.
Ова се најчестите видови на магнетна резонанца кои што може да се направат во нашата поликлиника:
МЕД-Х Дијагностика располага со отворен тип на резонанца - Siemens Magnetom C! - што значи дека пациентот не треба да се плаши дека ќе се снима во затворен простор.
Магнетната резонанца (Magnetic Resonance Imaging – MRI) претставува еден вид на испитување што вклучува употреба на радио и магнетни бранови, за да се добијат слики од внатрешните органи на телото. Лекарите потоа ги користат овие слики за да анализираат дали имате некакви абнормалности во органите, коските, меките ткива и зглобовите.
Од нејзината појава до денес, магнетната резонанца придонесе многу за дијагнозата на мозочни заболувања, болестите на уво, нос и грло, мускуло-скелетните и проблемите со ‘рбетот, малигните заболувања и другите состојби кои порано беше тешко да се дијагностицираат на време, во нивните најрани стадиуми.
Зошто да изберете отворена магнетна резонанца?
Предности на отворена магнетна резонанца за деца
Магнетна резонанца и компјутеризирана томографија за мозочни удари
Тагови: magnetna rezonanca, magnetna rezonansa, магнетна резонанца скопје, магнетна резонанца цена, magnetna rezonanca skopje