Врвни услуги од современата медицина
Компјутерска томографија претставува врвна дијагностичка процедура за дијагностицирање на многу болести. Индикација за преглед со компјутерска томографија се болести на мозочен паренхим (крварења, аневризми, инфаркти), сите болести на белите дробови и медијастинум, на панкреас, хепар, бубрези и мала карлица, како и болести на крвни садови и на скелетен систем (рбет, колена, колкови).
МЕД-Џ дијагностика располага со високософистицирана компјутерска томографија, со комплексна детекција на сите промени во телото, со можност за реконструктивен тродимензионален приказ на истите. Процедурата на снимање е брза, комфорна, прегледот се врши класично, по потреба со давање на контрастно средство. Персоналот е високоедуциран и секогаш во соработка со пациентот.