Затворена магнетна резонанца

Врвни услуги од современата медицина

Што е затворена магнетна резонанца?

Затворената магнетна резонанца работи на истиот принцип како и секоја друга MRI - силно магнетно поле и радио бранови ги подредуваат молекулите на вода во телото за да создадат детални пресечни слики, без штетно рентгенско зрачење. Разликата е во дизајнот: пациентот се снима во тунелест простор кој овозможува погусто, поедначно магнетно поле, а со тоа и највисоко можно ниво на детали на снимката.

Во MedX, затворената магнетна резонанца се изведува на Siemens MAGNETOM Flow.Plus - следната генерација на 1.5T MRI систем. Апаратот е целосно оперативен и веќе прима пациенти.

Целосен преглед на разликите меѓу двата типа апарати, како и општи информации за подготовка и цени, можете да најдете на нашата страница за магнетна резонанца.

Промотивна „добредојде“ цена: во првите 30 дена од работата на новиот апарат, снимањето со затворена магнетна резонанца чини само 7.990 денари. По истекот на овој период, цената се враќа на редовното ниво - закажете навреме за да ја искористите понудата.

Затворена магнетна резонанца со поеколошка и поефикасна технологија

Новиот апарат за затворена магнетна резонанца во MedX троши значително помалку ресурси од претходните генерации системи - нема потреба од чести прекини за сервисирање на ладилниот систем, а термините се одвиваат без задоцнување благодарение на автоматизираниот процес на подготовка секое утро.

Ова е овозможено со технологијата DryCool - систем со само 0.7 литри трајно затворен хелиум, наместо постојано дополнување какво што бараат постарите апарати.

Поудобна затворена магнетна резонанца за пациентот

Кај затворениот тип, подготовката и позиционирањето пред снимањето траат значително пократко, а самиот преглед се изведува со помалку прекини - персоналот може да Ве подготви и да го започне снимањето директно до Вас, без потреба од долги технички процедури.

  • Дишењето Ви се следи автоматски, без потреба од дополнителна опрема на телото - важно за снимки каде ритамот на дишење влијае на резултатот.
  • Срцевата активност се детектира автоматски, што овозможува целосно кардиолошко снимање без ЕКГ електроди прикачени на Вас.
  • Позиционирањето на телото е автоматизирано, што значи пократко време лежење пред самото снимање да започне.

Затворена магнетна резонанца со поголема брзина и прецизност

Снимањето на затворениот апарат трае до 2 пати пократко во споредба со стандардните протоколи, а сликата излегува со до 2 пати поголема резолуција. За Вас тоа значи помалку време во апаратот и попрецизен наод за Вашиот лекар - особено важно кај детално неуролошко, кардиолошко и онколошко снимање, каде секој детал може да влијае на дијагнозата.

Кои се причините за правење затворена магнетна резонанца?

Високата прецизност на затворениот тип ја прави особено соодветна за детално дијагностицирање на:

  1. Анеуризам
  2. Мултиплекс склероза
  3. Мозочен удар
  4. Тумори и малигни заболувања
  5. Пореметувања на надворешното и внатрешното око
  6. Повреди на `рбетниот мозок
  7. Дискус-хернија и дископатија на `рбет
  8. Лумбоишиалгија и абнормалности во `рбетот
  9. Проблеми со зглобовите, вклучувајќи го коленото
  10. Коскени инфекции и тумори на меки ткива

Со проширениот протокол на новиот апарат, исто така овозможуваме детална дијагностика на абдоминални и карлични органи:

  • Заболувања на црниот дроб, желчните патишта и панкреасот (MRCP)
  • Воспалителни заболувања на цревата (ентерографија)
  • Проблеми со простатата
  • Гинеколошки и уролошки состојби во малата карлица

Кои се ризиците при снимање со магнетна резонанца?

Бидејќи затворениот апарат работи со посилно и погусто магнетно поле, особено е важно однапред да го информирате технологот доколку во телото имате метални или електронски направи, како:

  • Пејсмејкер или срцев дефибрилатор
  • Вештачки срцеви валвули
  • Стент
  • Кохлеарни импланти
  • Метални протези во зглобовите
  • Куршум, шрапнел или било какво друго метално парче

Задолжително известете нè доколку сте бремени - ефектите на магнетните полиња врз фетусот сè уште не се целосно испитани - или доколку имате проблеми со црниот дроб или бубрезите, бидејќи тоа може да наметне ограничувања при употреба на контрастни агенси за време на прегледот.

Видови на снимања достапни на затворената магнетна резонанца

Новиот апарат ги опфаќа сите региони на телото:

'Рбет

Зглобови и екстремитети

  • Рамо
  • Лакт
  • Шака и рачен зглоб
  • Надколеница
  • Колено
  • Подколеница
  • Скочен зглоб
  • Стопало

Карлица и абдомен

  • Карлица со колкови
  • Мала карлица
  • Простата
  • Абдомен
  • MRCP (жолчни патишта и панкреас)
  • Ентерографија

Мозок

  • Магнетна резонанца на мозок
  • Магнетна резонанца на мозок со TOF (снимање на крвните садови без контраст)
  • Магнетна резонанца на мозок со ангиографија

Дали Ви одговара отворена или затворена магнетна резонанца?

Доколку имате страв од затворен простор (клаустрофобија), поголема телесна тежина, или снимањето е за дете кое треба придружба од родител во просторијата, погледнете ја нашата отворена магнетна резонанца на Siemens Magnetom C!

Тагови: zatvorena magnetna rezonanca, Siemens MAGNETOM Flow Plus, магнетна резонанца скопје, затворена магнетна резонанца цена, magnetna rezonanca skopje