Отворена магнетна резонанца

Врвни услуги од современата медицина

Што е отворена магнетна резонанца?

Отворената магнетна резонанца работи на истиот принцип како и секоја MRI - силно магнетно поле и радио бранови создаваат детални пресечни слики на телото, без штетно рентгенско зрачење. Разликата е во дизајнот на апаратот: магнетите се поставени само од горе и од долу, а сите четири страни остануваат отворени, без затворен тунел.

Ова го прави снимањето значително поудобно за пациенти со страв од затворен простор, деца, лица со поголема телесна тежина и лица со намалена подвижност. Целосен преглед на разликите меѓу двата типа апарати можете да најдете на нашата страница за магнетна резонанца.

Предности на отворениот тип магнетна резонанца

Отворената магнетна резонанца не е затворена капсула или тунел - магнетите се поставени само од горе и од долу, а сите четири страни се отворени, со што ризикот од анксиозност и панични напади поради страв од затворен простор е сведен на минимум.

  • Соодветна за лица со поголема телесна тежина, за разлика од класичните затворени апарати кои имаат ограничувања.
  • Далеку посоодветна за деца, затоа што родителот може да биде присутен веднаш до детето за време на снимањето.
  • Промовира еднаквост и пристапност за неподвижни лица и лица со физичка попреченост, кои полесно се сместуваат удобно.
  • Помалку несакани ефекти, бидејќи почесто не е потребна премедикација (седативи, лесни анестетици) за контрола на клаустрофобијата и вознемиреноста.
  • Пониска бучава од внатрешноста, бидејќи сите страни се отворени.

Кои се причините за правење отворена магнетна резонанца?

Отворениот апарат се користи за истите видови дијагностика како и затворениот - вклучувајќи анеуризам, мултиплекс склероза, мозочен удар, тумор, повреди на 'рбетниот мозок, проблеми со зглобовите и коските. Целосна листа на индикации и ризици при снимањето можете да ги најдете на нашата општа страница за магнетна резонанца.

Отворениот тип е особено препорачлив кога снимањето е поврзано со скелетно-мускулни проблеми (зглобови, 'рбет, екстремитети), каде поголемата удобност на пациентот директно придонесува за подобар квалитет на снимката - мирното лежење е клучно за јасна слика.

Колку чини отворена магнетна резонанца?

Цената зависи од делот на телото кој се снима и дали е потребен контраст. За точна цена според Вашето снимање, јавете се на 076 344 343 или 078 345 070, или испратете порака на info@medx.mk.

Каков апарат користиме ние во MedX за отворена магнетна резонанца?

МЕД-Х Дијагностика располага со отворен тип на резонанца - Siemens Magnetom C! - што значи дека пациентот не треба да се плаши дека ќе се снима во затворен простор.

Видови на отворена магнетна резонанца според дел на телото

Кога Ви треба затворена наместо отворена магнетна резонанца?

Доколку немате страв од затворен простор и Ви е потребна највисоката можна прецизност - на пример, за детално неуролошко, кардиолошко или онколошко снимање - располагаме и со затворена магнетна резонанца од најнова генерација, Siemens MAGNETOM Flow.Plus.

Тагови: otvorena magnetna rezonanca, magnetna rezonanca, магнетна резонанца скопје, отворена магнетна резонанца цена, magnetna rezonanca skopje