Ортопедија

Врвни услуги од современата медицина

Кога да побарате помош од специјалист ортопед?

Речиси 1/4 од населението кај нас има некаква мускуло-скелетна болест. Од симптомите, најчеста е болка во долниот дел од грбот. Најчесто, причината за болка во долниот дел од 'рбетот се повреди на меките ткива. Овие повреди вклучуваат оштетувања на меѓупршленските дискуси, компресија на нервните корени или неправилно движење на меѓупршленските зглобови. Болката може да се смета за хронична ако трае подолго од 3 месеци. Кога ќе почувствувате болка во мускул, тетива, лигамент или зглоб, побарајте помош од специјалист ортопед. Првото нешто кое специјалистот за болка ќе го направи е подобро да ја разбере Вашата болка. Третманот на ортопедската болка е ефикасен само ако дијагнозата е точна. Специјалист ортопед во Мед-Х. За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање на соодветен здравствен проблем е клучен сегмент за вашето здравје!