Ласер терапија

Врвни услуги од современата медицина

Како делува ласер терапијата?

Ласер терапијата има двоен механизам на делување. Од една страна локално дејство на ткивото во вид на метаболни промени, а од друга страна појава на рефлексни реакции заради делување на аферентните структури или одговор на метаболните промени во ткивото. 

Како се аплицира ласер терапијата?

Апликацијата може да биде на повеќе начини: над местото на патолошката промена , на тригер точки и над рефлексните зони. Времетраење на апликација може да биде од 3 до 15 минути - просечна должина на терапијата е 10 дена до 15 дена , со повторување за 1 до 3 месеци (по потреба). 

Индикации при примена на ласеро терапија?

  1. Рани кои споро зараснуваат 
  2. Кожни болести
  3. Воспалителни, трауматски и дегенеративни лезии на меките ткива
  4. Воспалителни и дегенеративни заболувања на зглобовите и кичмата
  5. Болни синдроми (реуматолошки, неуролошки , ортопедски)

Контраиндикации при примена на ласеро терапија? 

  1. Малигни заболувања 
  2. Хеморагичен синдром
  3. Прекордијална регија
  4. Епилепсија
  5. Бременост
  6. Болни со кардиолошки интервенции
  7. Пределот на очите и штитната жлезда

За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање на соодветен здравствен проблем е клучен сегмент за вашето здравје!