ЕКГ – Електрокардиографија

Врвни услуги од современата медицина

Што е ЕКГ - Електрокардиографија

Електрокардиографија (ЕКГ) претставува стандардна метода за снимање на импулсите на електричната активност на срцевиот мускул и се користи како  брза дијагностика , особено во итни случаи. Оваа дијагностика на лекарот му дава сознанија за срцевиот ритам, големината и функцијата на срцевиот мускул и срцевите комори и преткомори. 

Како се одвива процедурата за ЕКГ?

На градите на пациентот се поставуваат 12 засебни  електроди, на специфични места на кожата на градниот кош,рацете и нозете на пациентот,  додека тој лежи на грб. Електричните активности во срцето се следат преку електродите и се врши запис преку вградениот печатач. Процедурата трае неколку минути. 

Што може да се детектира со ЕКГ - Електрокардиографија?

  1. Постоење на аритмија (неправилна работа на срцето) 
  2. Недостаточна крвоснабденост на срцето (ангина пекторис) 
  3. Оштетување на срцето поради инфаркт 
  4. Зголемување на срцевите димензии и др.

За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање на соодветен здравствен проблем е клучен сегмент за вашето здравје!