Повреди во теретана и при фитнес

12-01-2023

Донесовте новогодишна одлука да почнете да посетувате теретана или да вежбате фитнес, но уште во првата недела се повредивте и мора да паузирате?

Без разлика дали сте нови вежбачи или тренирате со години, вежбањето е една од најдобрите работи што можете да ги направите за себе, вклучувајќи го срцето, коските, па дури и расположението.

Повреда при вежбање може да му се случи на секого, без разлика на искуството или нивото на кондиција. Дури и одењето може да предизвика повреда.

Вообичаени повреди при вежбање

Луѓето се повредуваат на секакви начини кога вежбаат. Вообичаените повреди при вежбање вклучуваат:

• Истегнување на мускулите
• Шинат глужд
• Повреда на рамениците
• Повреди на колената и потколениците
• Тендинитис (воспаление на тетивите)
• Шинат зглоб
• Скршеници на коски
• Скината Ахилова тетива
• Стрес фрактури
• Плантарен фасциитис

teretana

Прва помош

Повредите може да настанат без разлика колку сте внимателни. Ако добиете повреда при вежбање, следете го методот RICE за да не се влоши повредата:

R – Rest: Одморете ја повредата.
I – Ice: Изладете ја повредата за да го намалите отокот, крварењето и воспалението.
C – Compression: Ставете компресивен завој за да го контролирате отокот.
Е – Elevation: Подигнете ја повредата, ако е можно, за да го смалите отокот.

Нестероидните против-воспалителни лекови како што е ибупрофен може да помогнат во ублажување на болката и смирување на воспалението од повредата. Консултирајте се со лекар пред да ги користите, особено ако земате други лекови или имате други здравствени проблеми.

Повеќето повреди при вежбање ќе заздрават сами за 4 недели или помалку. Ако повредата не се подобри во рок од една недела или ако се влоши, побарајте медицинска помош. Секогаш користете здрав разум. Ако сте загрижени за повредата, најдобро е да побарате лекарска помош.

Дијагноза

 

Важноста на магнетна резонанца при дијагноза на најчестите спортски повреди

Во Поликлиниката и Центарот за болка Мед-Х Дијагностика, нашиот тим е способен да помогне за ублажување на болката и да го забрза заздравувањето на повреда на вежбање, како и да го зајакне повредениот дел од телото за да се спречат идни непријатности.

Ако повредата не се реши и рехабилитира брзо, ќе бидете изложени на ризик истата да се повтори или да предизвика целосно нова. Нашите физиотерапевти од Поликлиниката и Центарот за болка Мед-Х Дијагностика се обучени да понудат персонализирани програми за лекување кои ќе помогнат повредата да заздрави брзо и безбедно да ја вратите силата и подвижноста.

 

Кога да побарате помош од специјалист ортопед?

Дел од третманите кои ги нудиме вклучуваат:

• Кинези терапија
• Терапија со магнетно поле
• Ултра звучна терапија
• Ласер терапија
• Терапија со инфра црвена светлина
• Електро терапија
• Мануелна масажа

 

Физикална терапија за болки во грбот

Останати новости

17/05/2023 Stefan Vidinski

Неспоредлива практичност и квалитетно снимање со Siemens MAGNETOM C! достапно 24/7

Во денешниот живот со брзо темпо, пристапноста и ефикасноста се најважни во здравствената заштита. Навремените и точни дијагнози може да направат значителна разлика во исходот за пациентот. Затоа сме ...

10/05/2023 Stefan Vidinski

Siemens MAGNETOM C! отворен уред за магнетна резонанца

Магнетната резонанца е моќна дијагностичка алатка која користи магнетно поле и радио бранови за да произведе детални слики од внатрешните органи и структури на телото. Технологијата измина долг пат од...

03/05/2023 Stefan Vidinski

Испитувања со снимање кои се користат при дијагностицирање на камења во бубрезите и жолчни камења

Камењата во бубрезите и жолчните камења се две вообичаени состојби кои засегаат милиони луѓе ширум светот. И двете може да предизвикаат силна болка и непријатност и бараат итна медицинска помош. Еден ...