Закажи
термин

Медицински услуги

Врвни услуги од современата медицина

ЕКГ

ЕКГ – Електрокардиографија или скратено ЕКГ претставува иницијална и рутинска дијагностичка алатка за проценка на електричната активност на срцето овозможувајќи му на лекарот сознанија за срцевиот ритам, големината и функцијата на срцевиот мускул и срцевите комори и преткомори. При тоа може да се детектира постоење на аритмија (неправилна работа на срцето), недостаточна крвоснабденост на срцето (ангина пекторис), оштетување на срцето поради инфаркт, зголемување на срцевите димензии и др.
Испитувањето се изведува со поставување на 12 засебни електроди (мали пластични лепенки) на специфични места на кожата на градниот кош, рацете и нозете на пациентот додека пациентот е во легната положба. Тестирањето го изведува медицинска сестра, техничар или лекар, трае околу 1 минута, а при тоа пациентот не чувствува ништо.
За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање на соодветен здравствен проблем е клучен сегмент за вашето здравје!