Магнетната резонанца (Magnetic Resonance Imaging – MRI) претставува еден вид на испитување што вклучува употреба на радио и магнетни бранови, за да се добијат слики од внатрешните органи на телото. Лекарите потоа ги користат овие слики за да анализираат дали имате некакви абнормалности во органите, коските, меките ткива и зглобовите.
Од нејзината појава до денес, магнетната резонанца придонесе многу за дијагнозата на мозочни заболувања, болестите на уво, нос и грло, мускуло-скелетните и проблемите со ‘рбетот, малигните заболувања и другите состојби кои порано беше тешко да се дијагностицираат на време, во нивните најрани стадиуми.
Постојат 2 вида магнетна резонанца: отворена и затворена.
Иако затворената е повообичаена, доколку имате страв од затворен простор (клаустрофобија) или поголема телесна тежина, би требало да ја изберете отворената. Дизајнот на опремата не е единствената разлика меѓу отворената и затворената магнетна резонанца.
Треба да бидете совршено мирни за добивање јасна слика, што е понекогаш тешко за одредени пациенти во тесен, затворен простор.
Страв од затворен простор, поради кој некои пациенти дури добиваат и панични напади.
Затворената магнетна резонанца е многу гласна, за време на снимањето се слуша силна бучава.
Не е прилагодена за луѓе со поголема телесна тежина.
Отворената магнетна резонанца не е затворена капсула или тунел, туку магнетите се поставени само од горе и и од долу, а сите 4-ри страни се отворени, со што ризикот од панични напади поради страв од затворен простор е сведен на минимум.
Претставува соодветно решение за лица со поголема телесна тежина.
Бучавата ни оддалеку не е толку силна, а воедно и звукот не е толку вознемирувачки затоа што сите страни се отворени.
Далеку посоодветна за деца, затоа што родителот може да биде присутен од страна за време на снимањето.
Промовираат еднаквост и пристапност за неподвижни, или лица со физичка попреченост, затоа што е многу полесно ваквиот пациент удобно да се смести во нив.
Отворената магнетна резонанца е понапредна, затоа што постојано се истражува и работи за нејзино усовршување и зголемување на јачината на магнетното поле.
Предизвикува помалку несакани ефекти, затоа што не е потребна премедикација (седативи, лесни анестетици) за контрола на клаустрофобијата и вознемиреноста.
Помалку т.н. “артефакти” ако имате имплантирани метални предмети во телото од претходни хируршки зафати.
Најпосле, помал трошок за пациентот, затоа што нејзиното одржување е поевтино бидејќи не содржи криоген и има трајни магнети. Исто така, потребно е пократко време и инженерски труд да се инсталира и сервисира.
Ул. Иван Хаџи Николов 155
info@medx.mk