Закажи
термин

Медицински услуги

Врвни услуги од современата медицина

Магнетна резонанса

Магнетна резонанса – Магнетната резонанца е неинвазивна дијагностичка процедура која не користи јонизирачко зрачење, туку моќно магнетно поле и радиофреквентни бранови со што се добиваат детални слики од различни регии на човековото тело. Поликлиника Мед – Х располага со отворен тип на магнетна резонанса единствена во овој регион и му овозможува на пациентот да не чуствува страв од затворен простор (клаустрофобија). Магнетната резонанса е конфорен апарат, пациентот е во постојан контакт со персоналот за време на снимањето. Индикации за снимање со МР се сите промени во мозок (тумори, крвање, малформации), болести во зглобовите (артрози, луксации, повреди на менискус, лигаменти), во ‘рбетот (ишиалгии, дископатии). Контра индикација се пациенти со вградени метални протези и срцеви стимулатори.
За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање на соодветен здравствен проблем е клучен сегмент за вашето здравје!

Кај нас се изведуваат следниве МР испитувања:
– МР на мозок
– МР на цервикален ‘рбет
– МР на торакален ‘рбет
– МР на лумбален ‘рбет
– МР на колено
– МР на рамо
– МР на скочен зглоб