Магнетна резонанца

Врвни услуги од современата медицина

Што е магнетна резонанца?

Магнетната резонанца (MRI) е високософистицирана дијагностичка метода за детектирање промени во телото, без штетно рентгенско зрачење. Наместо рентгенски зраци, апаратот користи силно магнетно поле и радио бранови кои ги подредуваат молекулите на вода во телото и создаваат детални пресечни слики на органите, коските, зглобовите и меките ткива.

Во MedX, магнетна резонанца изведуваме на два различни апарати - отворен и затворен тип - за да можеме на секој пациент да му понудиме решение соодветно за неговите потреби.

Отворена наспроти затворена магнетна резонанца - која да изберете?

Двата апарата работат на ист принцип и даваат дијагностички точни резултати. Разликата е во дизајнот и во тоа за кого е поудобен секој од нив:

Отворена магнетна резонанца

  • Соодветна доколку имате страв од затворен простор (клаустрофобија)
  • Погодна за деца, поголема телесна тежина и намалена подвижност
  • Работи на Siemens Magnetom C!

Дознајте повеќе за отворена магнетна резонанца →

Затворена магнетна резонанца

  • Најсоодветна кога е потребна највисока прецизност
  • Побрзо снимање со технологијата Deep Resolve
  • Работи на Siemens MAGNETOM Flow.Plus

Дознајте повеќе за затворена магнетна резонанца →

Не сте сигурни кое ви одговара? Јавете се на 076 344 343 и нашиот персонал ќе ви помогне да изберете според Вашата состојба.

Кои се причините за правење магнетна резонанца?

Магнетна резонанца на черепниот и `рбетниот мозок се употребува при дијагностицирање на:

  1. Анеуризам
  2. Пореметување на надворешното и внатрешното око
  3. Мултиплекс склероза
  4. Повреди на `рбетниот мозок
  5. Мозочен удар
  6. Тумор

Магнетна резонанца на коски и зглобови се употребува при дијагностицирање на:

  1. Проблеми со зглобовите, како артритис
  2. Абнормалности кај зглобовите предизвикани од постојани повреди
  3. Абнормалности во `рбетот
  4. Коскени инфекции
  5. Тумори на коските и меките ткива
  6. Лумбоишиалгија, дископатија и дискус-хернија на `рбет

Дали снимањето со магнетна резонанца боли?

Не. Магнетната резонанца е целосно безболна процедура. Единствено нешто на што треба да се навикнете е бучавата која ја произведува апаратот за време на снимањето (поизразена кај затворениот тип), и потребата да лежите мирно за да се добие јасна слика. Во зависност од регионот кој се снима, прегледот трае од 15 до 45 минути.

Како да се подготвите за магнетна резонанца?

Дојдете со упат или наод од Вашиот лекар доколку имате, и отстранете накит, часовник и се друго метално пред снимањето. За одредени прегледи (на пр. абдомен) може да биде потребно да не јадете неколку часа претходно - Ве известуваме при закажување доколку е потребно. Носете удобна облека без метални делови, и информирајте нè доколку имате пејсмејкер, метални импланти, сте бремени или имате проблеми со бубрезите/црниот дроб.

Видови на снимања според дел на телото

Колку чини магнетна резонанца?

Цената зависи од апаратот (отворен или затворен) и делот на телото кој се снима. Прегледајте ги цените на отворената и затворената магнетна резонанца, или јавете се на 076 344 343 / 078 345 070 за точна информација според Вашето снимање.

Тагови: magnetna rezonanca, magnetna rezonansa, магнетна резонанца скопје, магнетна резонанца цена, подготовка за магнетна резонанца, magnetna rezonanca skopje