Ехо дијагностика (ултразвук)

Врвни услуги од современата медицина

Што е ехо дијагностика?

Под ехо дијагностика се подразбира ехтомографија или скенирање со ултразвук , односно тоа е метода со која се снимаат органите со помош на ултразвук. Ултразвукот претставува звук со многу висока фрекфенција , при која се емитуваат и се детектираат специјални апарати како ехо апаратот. 

Видови на ехо дијагностика

Каква е процедурата на снимањето со ехо апарат?

Пациентот легнува на кревет со соглен стомак, се става гел на кожата за подобар контакт на сондата со кожата, и лекарот прави нни безболни движења по кожата на пациентот. Може да се дадат неколку наредби како земање на воздух, недишење и завртување. Прегледот е безбеден, безболен и трае околу 15 минути.

Ултразвукот (ехо) е безбедна, неинвазивна дијагностичка процедура која дава слики од внатрешноста на телото со користење на звучни бранови.

Вклучува употреба на мал конвертор (сонда) и ултразвучен гел кој се нанесува директно на кожата. Звучните бранови со висока фреквенција се пренесуваат од сондата низ гелот во телото. Сондата ги собира звуците кои отскокнуваат наназад и потоа компјутер ги користи овие звучни бранови за да создаде слика.

При прегледите со ултразвук не се користи јонизирачка радијација (како што се користи кај рентгенски зраци), имено нема изложување на радијација за пациентот. Поликлиника Мед – Х располага со високо софистициран ултразвук апарат - Siemens. За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање на соодветен здравствен проблем е клучен сегмент за Вашето здравје!

Кај нас се изведуваат следните ултразвучни прегледи:

  • Ултразвук на абдомен
  • Ултразвук на дојка
  • Ултразвук на уринарен тракт
  • Ултразвук на бубрези
  • Ултразвук на црн дроб и жолчно кесе
  • Ултразвук на меки ткива
  • Ултразвук на тироидна жлезда
  • Ултразвук на тестиси

За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање на соодветен здравствен проблем е клучен сегмент за вашето здравје!

Тагови: ехо, eho, eho dijagnostika, ултразвук, ultrazvuk, eho aparat