Затворена магнетна резонанца

Врвни услуги од современата медицина

Што е затворена магнетна резонанца - Siemens MAGNETOM Flow.Plus?

Затворената магнетна резонанца работи на истиот принцип како и секоја друга MRI - силно магнетно поле и радио бранови ги подредуваат молекулите на вода во телото за да создадат детални пресечни слики, без штетно рентгенско зрачење. Разликата е во дизајнот: пациентот се снима во тунелест простор кој овозможува погусто, поедначно магнетно поле, а со тоа и највисоко можно ниво на детали на снимката.

Во MedX, затворената магнетна резонанца се изведува на Siemens MAGNETOM Flow.Plus - следната генерација на 1.5T MRI систем, дизајниран да овозможи највисок квалитет на снимката при неспоредливо кратко време на снимање.

Најсовремена и еколошка технологија

Siemens MAGNETOM Flow.Plus работи со технологија DryCool - систем без потреба од постојано дополнување хелиум (само 0.7 литри трајно затворен хелиум), што значи помала еколошка нагазна стапка и потполно избегнување на прекини поради сервисирање на ладилниот систем.

Апаратот е дополнително опремен со System Start-Up Timer и Eco Power Mode, кои овозможуваат значителни енергетски заштеди во текот на неработните часови, без притоа да се одложи почетокот на работниот ден.

Максимална удобност за пациентот

Преку интелигентниот систем myExam Companion, персоналот може да го подготви, позиционира и започне снимањето директно до пациентот, со поедноставена и поефикасна постапка за секој преглед.

  • BioMatrix Respiratory Sensor - автоматски го детектира дишењето на пациентот, без потреба од дополнителна опрема за снимки при кои е важен ритамот на дишење.
  • BioMatrix Beat Sensor - автоматски ја детектира срцевата активност, овозможувајќи целосно кардиолошко снимање без потреба од ЕКГ електроди на пациентот.
  • BioMatrix Position Sensor - овозможува лесно, автоматско позиционирање со едно копче, за побрза и попријатна подготовка на прегледот.

Врвен квалитет и брзина со Deep Resolve

Технологијата Deep Resolve користи напредни алгоритми за намалување на шумот и зголемување на резолуцијата, овозможувајќи снимки со до 2 пати поголема резолуција, извршени и до 2 пати побрзо во споредба со стандардните протоколи.

Со пакетот Discover Acceleration, апаратот овозможува максимална продуктивност за сите видови контраст, ориентации и рутински прегледи - од глава до стапало - со висок и конзистентен квалитет на слика при секој преглед, вклучувајќи напредно неуролошко, кардиолошко и онколошко снимање.

Кои се причините за правење затворена магнетна резонанца?

Високата прецизност на затворениот тип ја прави особено соодветна за детално дијагностицирање на:

  1. Анеуризам
  2. Мултиплекс склероза
  3. Мозочен удар
  4. Тумори и малигни заболувања
  5. Пореметувања на надворешното и внатрешното око
  6. Повреди на `рбетниот мозок
  7. Дискус-хернија и дископатија на `рбет
  8. Лумбоишиалгија и абнормалности во `рбетот
  9. Проблеми со зглобовите, вклучувајќи го коленото
  10. Коскени инфекции и тумори на меки ткива

Кои се ризиците при снимање со магнетна резонанца?

Бидејќи затворениот апарат работи со посилно и погусто магнетно поле, особено е важно однапред да го информирате технологот доколку во телото имате метални или електронски направи, како:

  • Пејсмејкер или срцев дефибрилатор
  • Вештачки срцеви валвули
  • Стент
  • Кохлеарни импланти
  • Метални протези во зглобовите
  • Куршум, шрапнел или било какво друго метално парче

Задолжително известете нè доколку сте бремени - ефектите на магнетните полиња врз фетусот сè уште не се целосно испитани - или доколку имате проблеми со црниот дроб или бубрезите, бидејќи тоа може да наметне ограничувања при употреба на контрастни агенси за време на прегледот.

Видови на снимања достапни на затворената магнетна резонанца

Дали Ви одговара отворена или затворена магнетна резонанца?

Доколку имате страв од затворен простор (клаустрофобија), поголема телесна тежина, или снимањето е за дете кое треба придружба од родител во просторијата, погледнете ја нашата отворена магнетна резонанца - Siemens Magnetom C!

Тагови: zatvorena magnetna rezonanca, Siemens MAGNETOM Flow Plus, магнетна резонанца скопје, затворена магнетна резонанца цена, magnetna rezonanca skopje