Врвни услуги од современата медицина
Мамографија – Ехотомографија на дојки и мамографијата се примарни дијагностички методи за откривање на сите промени во дојката. Ракот на дојката е најчест тумор кај жената кој не ја заобиколува ни машката популација. Оваа дијагностичка постапка овозможува лесно да се процени состојбата на млечните жлезди и да се откријат абнормалности во структурата на ткивата.
Превентивните прегледи на дојка се основи на рано откривање на ракот на дојката, со што се овозможува навремено и успешно лечење.
Како метод за спречување на рак на дојка, овој преглед се препорачува да се направи почнувајќи од 35-40 година. Токму на оваа возраст започнуваат промените во ткивата на млечната жлезда, кои ја зголемуваат веројатноста за трансформација на сопствените клетки во малигни неоплазми.
Поликлиника Мед – Х располага со високо софистициран мамомат.
За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање на соодветен здравствен проблем е клучен сегмент за вашето здравје!
Одговорот е…
…зависи.
Едноставно постојат премногу разлики од жена до жена за да може да се даде општа препорака дека едното е подобро од другото. Прашањето не е дали ехо или мамограм. Прашањето е која процедура е најсоодветна за Вас.
Раната детекција може да спаси живот, особено кај ракот на дојки. Скринингот има неколку облици, од само-преглед, преку преглед кај Вашиот лекар, сѐдо дијагностички процедури со сликање.
Ехото вообичаено не се користи како примарна дијагностичка алатка за скрининг против рак на дојка. Како и да е, ако се користи заедно со мамографија, совршено ги надополнува останатите алатки за скрининг против рак на дојка. Најчесто, ехо се препорачува кога ќе се открие некаква аномалија на мамограмот.
Мамографијата користи ниска доза на зрачење за да добие слика од дојката. Ткивото се поставува помеѓу 2 плочи со цел да се постигне најдобра слика.
Ултразвукот (ехо) користи звучни бранови со висока фреквенција и ги претвора во слика. Нема никакво зрачење.
Главната полза е дека претставува дополнителна алатка за утврдување рак на дојките. На пример, ако жената напипа грутка во дојката, ултразвукот може да покаже дополнителни промени во засегнатата регија и да одреди дали грутката е бенигна (циста, лимфен јазол, фиброза) или нешто сомнително.
Секој случај е посебен, сам по себе. Наша препорака е да се следат насоките од Вашиот лекар. Најчесто, ова значи редовен мамограм и, по потреба, дополнување со ултразвук ако имате симптоми.
Листава не е целосна, затоа што постојат многу други причини зошто Вашиот лекар ќе побара ултразвук на дојките.
Најчесто, не. Но, ако сте бремена, не треба да правите мамографија. Како и да е, во одредени случаи, кај одредени симптоми, ултразвукот е неопходен. Ако докторот има потреба од биопсија, истата се прави со помош на ехо, преку кое се води иглата до промената која треба да се испита. Од друга страна, ултразвукот не може да одреди микро-калцификати, кои се одредуваат преку мамографија.
За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање на соодветен здравствен проблем е клучен сегмент за вашето здравје!
Тагови: mamografija, mamografija skopje, mamografija na dojki