Артритот претставува најчесто мускулно-скелетно заболување и 9-та најчеста причина за телесна онеспособеност. Зачестеноста на ова заболување се зголемува и ќе продолжи да се зголемува како што се продолжува животниот век и сѐ поголемата епидемија на зголемена телесна тежина.
Главните симптоми на артрит се болка и вкочанетост на зглобовите, кои вообичаено со влошуваат со годините.
Потребно е да се направи разлика меѓу 2-та најчести вида артрит: остеоартрит и ревматоиден артрит. Остеоартрит предизвикува дегенерација (постепено распаѓање) на зглобната ‘рскавица. Остеоартритот е поврзан со возраста, но и со бројни други ризик-фактори како што се: дебелината, намалената физичка активност, генетската предиспозиција, густината на коските, повредите и полот. Ревматоидниот артрит е заболување кај кое сопствениот имунолошки систем ги напаѓа и оштетува зглобовите.
Остеоартрит е најчеста болест на зглобовите во светот. Симптоматски остеоартрит се појавува кај 10% од мажите и 13% од жените постари од 60 години. Бројот на лица кои страдаат од оваа болест постојано се зголемува, заради продолжениот животен век и епидемијата на дебелина.
Остеоартритисот (ОА) претставува најчесто мускулно-скелетно заболување што се карактеризира со постепено губење на зглобната ‘рскавица. Тоа доведува до постепено истенчување на ‘рскавицата и зголемено триење на коскените структури што води до болка, вкочанетост, отежнато и нарушено движење.
Остеоартритисот е поврзан со возраста, но и со бројни други ризик-фактори како што се: дебелината, намалената физичка активност, генетската предиспозиција, густината на коските, повредите и полот.
Ул. Иван Хаџи Николов 155
info@medx.mk