Снимање на дигестивен систем со рентген и ехо

20-10-2022

 

Рентгенско снимање со бариумска каша

 

Рентгенското снимање со бариумска каша е дијагностичко испитување што проверува за проблеми во горниот гастроинтестинален тракт (ГИТ).

Горниот ГИТ тракт ги вклучува: устата, задниот дел од грлото, хранопроводот, желудникот, дванаесетпалечното и почетниот дел од тенкото црево. Испитувањето користи специјален тип на рентген наречен флуороскопија. Флуороскопијата покажува како внатрешните органи се движат во реално време. Тестот вклучува пиење на течност со вкус на креда, која содржи бариум. Бариумот е контрастна супстанца што прави делови од телото да се прикажат појасно на рентгенската снимка.

Рентгенското снимање со бариумска каша се користи како помош во дијагностицирањето на состојби кои влијаат на грлото, хранопроводот, желудникот, дванаесетпалечното и почетниот дел од тенкото црево. Тие вклучуваат:

 

  • Чирови
  • Хиатална хернија, состојба во која дел од стомакот притиска преку дијафрагмата. Дијафрагмата е мускул помеѓу стомакот и белите дробови.
  • ГЕРБ (гастроезофагеална рефлуксна болест), состојба во која содржината на желудникот се враќа назад во хранопроводот
  • Структурни проблеми во гастроинтестиналниот тракт, како што се полипи (абнормални израстоци) и дивертикули (проширувања на цревниот ѕид)
  • Тумори

 

Зошто рентгенското снимање со бариумска каша?

 

Ова испитување е потребно ако имате симптоми за нарушување на горниот ГИТ. Тие вклучуваат:

 

  • Проблеми со голтање
  • Стомачна болка
  • Повраќање
  • Надуеност

 

Што значат резултатите?

 

Нормален резултат значи дека не се пронајдени абнормалности во големината, обликот и движењето на грлото, хранопроводот, желудникот, дванаесетпалечното и почетниот дел од тенкото црево.

Ако резултатите отстапуваат од нормала, тоа може да значи дека имате една од следниве состојби:

 

  • Хиатална хернија
  • Чирови
  • Тумори
  • Полипи
  • Дивертикули, состојба во која се формираат мали проширувања во внатрешниот ѕид на цревата
  • Езофагеална стриктура, стеснување на хранопроводникот што може да го отежне голтањето

 

 

Ехо на абдомен

 

Ехото на абдомен е дијагностичко испитување кое се користи за да се види внатрешноста на пределот од стомакот (абдоменот). Тоа е скрининг тест на избор за аневризма на абдоминалната аорта. Сепак, испитувањето може да се користи за дијагностицирање или исклучување на многу други здравствени состојби.

Аневризмата на абдоминалната аорта, или аортна аневризма, е проширена област област во долниот дел од главната артерија на телото (аорта). Здравствените работници препорачуваат ехо на абдомен за проверка на аортна аневризма кај мажи на возраст од 65 до 75 години кои пушат или порано пушеле. Овој скрининг не се препорачува за луѓе кои никогаш не пушеле, но може да се направи ако имате симптоми или семејна историја на аортна аневризма.

 

Зошто ехо на абдомен?

 

Ехото на абдомен се прави за да се видат крвните садови и органите во пределот на стомакот. Ова испитување се прави ако имате состојба која влијае на некој од овие делови на телото:

 

  • Крвни садови во абдоменот
  • Жолчното кесе
  • Цревата
  • Бубрезите
  • Црниот дроб
  • Панкреас
  • Слезината

 

На пример, абдоминален ултразвук може да помогне да се утврди причината за болка или надуеност во стомакот. Тој може да помогне да се провери за камења во бубрезите, заболувања на црниот дроб, тумори и многу други состојби.

 

Скрининг за аортна аневризма

 

Абдоминален ултразвук е најчестото испитување за аневризми на абдоминалната аорта. Скрининг значи барање на состојбата кај луѓе без симптоми. Раната дијагноза помага да преземете чекори за превенција и лекување на аневризмата. Ако аортната аневризма пукне, крварењето брзо може да доведе до смрт.

Еднократен ултразвучен скрининг на абдоминалната аорта се препорачува за мажи на возраст од 65 до 75 години кои пушеле најмалку 100 цигари во текот на нивниот живот.

Скринингот се препорачува и за мажи на возраст од 60 години и постари кои имаат или имале родител, брат или сестра со аортна аневризма.

Рутински ултразвучен скрининг за аневризми на абдоминална аорта не се препорачува за жени.

Останати новости

26/11/2024

Респираторни заболувања: Точна дијагностика за горни и долни дишни патишта

18/11/2024

Болки во градите: Причини кои не треба да се игнорираат

14/11/2024

Болки во рацете: причини, симптоми и совети за дијагностика