Закажи
термин

Медицински услуги

Врвни услуги од современата медицина

Компјутерска томографија

Компјутерска томографија – Компјутерската томографија претставува врвна дијагностичка процедура за дијагностицирање на многу болести. Индикација за преглед со КТ се болести на мозочен паренхим (крварења, аневризми, инфаркти), сите болести на белите дробови и медијастинум на панкреас, хепар, бубрези и мала карлица, како и болести на садови и скелетен систем (‘рбет, колена, колкови). Поликлиника Мед – Х располага со високо софистицирана компјутерска томографија, со комплексна детекција на сите промени во телото. Процедурата на снимање е брза, конфорна, прегледот се врши класично по потреба со давање на контрасно средство. Персоналот е високо едуциран и секогаш во соработка со пациентот. За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање на соодветен здравствен проблем е клучен сегмент за вашето здравје!

Кај нас се изведуваат следниве КТ испитувања :
– КТ на черепот и мозокот
– КТ на орбити
– КТ на параназални синуси
– КТ на торакс и бели дробови
– КТ на абдомен
– КТ на мала карлица
– КТ на скелет
– КТ на ‘рбетен столб
– КТ на зглобови
– КТ на мускуло скелетен систем
– КТ урографија
– КТ на уринарно – генитален тракт