Резултати базирани на брза, прецизна и сигурна дијагностика.
Во Мед-Х Дијагностика секојдневно вложуваме во современа технологија, експертски кадар и постојано унапредување, со една јасна цел - навремена дијагноза и поголема сигурност за секој пациент.
Дијагностичкиот центар Мед-X е основан на 28.08.2010 година, со почеток во рентген и ехо дијагностика. Во 2011 година ја воведовме компјутерската томографија, а од 2012 година и магнетна резонанца од отворен тип и мамографија. Од основањето до денес, Мед-X континуирано ја унапредува својата опрема со нов компјутерски томограф, дигитален рентген систем и три современи ултразвучни апарати, следејќи ги највисоките стандарди во дијагностиката.
Нашата мисија е да обезбедиме прецизна, сигурна и навремена дијагностика како основа за правилни клинички одлуки. Со современа технологија, искусен медицински тим и континуирано унапредување на опремата, овозможуваме јасни и доверливи наоди. Посветени сме на индивидуален пристап кон секој пациент, професионална одговорност и високи стандарди, со цел подобрување на квалитетот на здравствената грижа и рано откривање на болестите
Нашата визија е Мед-X да биде препознатлив дијагностички центар за врвна прецизност, доверба и клиничка релевантност. Постојано вложуваме во најсовремена технологија, развој на медицинската експертиза и оптимизација на дијагностичките процеси, со цел навремено и точно откривање на здравствените состојби. Тежнееме кон одржлив раст и долгорочно подобрување на здравствените стандарди во заедницата.
Секој пациент е во центарот на нашето внимание. Прецизната дијагностика, клиничката одговорност и човечкиот пристап се основа на нашата работа. Веруваме дека точниот резултат е првиот чекор кон правилно лекување. Нашата грижа не завршува со издавање на наод, туку продолжува преку доверба, јасна комуникација и поддршка. Работиме според високи професионални и етички стандарди, со постојано вложување во знаење, технологија и тимска експертиза.