Дали ултразвукот (ехо) е подобар од мамограм за рано откривање рак на дојки?

02-04-2022

Одговорот е…

…зависи.

Едноставно постојат премногу разлики од жена до жена за да може да се даде општа препорака дека едното е подобро од другото. Прашањето не е дали ехо или мамограм. Прашањето е која процедура е најсоодветна за Вас.

Раната детекција може да спаси живот, особено кај ракот на дојки. Скринингот има неколку облици, од само-преглед, преку преглед кај Вашиот лекар, сѐдо дијагностички процедури со сликање.

Ехото вообичаено не се користи како примарна дијагностичка алатка за скрининг против рак на дојка. Како и да е, ако се користи заедно со мамографија, совршено ги надополнува останатите алатки за скрининг против рак на дојка. Најчесто, ехо се препорачува кога ќе се открие некаква аномалија на мамограмот.

Кои се клучните разлики меѓу двете процедури?

Мамографијата користи ниска доза на зрачење за да добие слика од дојката. Ткивото се поставува помеѓу 2 плочи со цел да се постигне најдобра слика.

Ултразвукот (ехо) користи звучни бранови со висока фреквенција и ги претвора во слика. Нема никакво зрачење.

Која е ползата од ултразвук (ехо) на дојка?

Главната полза е дека претставува дополнителна алатка за утврдување рак на дојките. На пример, ако жената напипа грутка во дојката, ултразвукот може да покаже дополнителни промени во засегнатата регија и да одреди дали грутката е бенигна (циста, лимфен јазол, фиброза) или нешто сомнително.

Која метода да ја изберам?

Секој случај е посебен, сам по себе. Наша препорака е да се следат насоките од Вашиот лекар. Најчесто, ова значи редовен мамограм и, по потреба, дополнување со ултразвук ако имате симптоми.

Ултразвук е добар избор ако:

• Имате проблеми/симптоми на дојката и сте под 30 годишна возраст
• Имате проблеми/симптоми на дојката и сте бремена (затоа што ехото не користи зрачење, додека мамографијата користи.)
• Имате циста која треба да се испразни.

Мамографијата е добар избор ако:

• Имате големи дојки со густо ткиво кое спречува јасна слика преку ехо.

Листава не е целосна, затоа што постојат многу други причини зошто Вашиот лекар ќе побара ултразвук на дојките.

Дали да направам ехо наместо мамограм?

Најчесто, не. Но, ако сте бремена, не треба да правите мамографија. Како и да е, во одредени случаи, кај одредени симптоми, ултразвукот е неопходен. Ако докторот има потреба од биопсија, истата се прави со помош на ехо, преку кое се води иглата до промената која треба да се испита. Од друга страна, ултразвукот не може да одреди микро-калцификати, кои се одредуваат преку мамографија.

Останати новости

18/11/2024

Болки во градите: Причини кои не треба да се игнорираат

14/11/2024

Болки во рацете: причини, симптоми и совети за дијагностика

12/11/2024

Болки во нозете: причини, симптоми и совети за дијагностика