Врвни услуги од современата медицина
Терапија со ултразвук се состои од примена на ултразвучна енергија за лекување. Во ултразвучната терапија се користи својството на пиезокристали да вибрираат кога ќе се приклучат на извор на електрична струја. Ултразвучната терапија има способност да делуба длабински, со што може да ја зголеми температурата во длабочина на ткивото од 3-5цм, без да ја загрее кожата или поткожното ткиво.
Ултразвукот предизвикува взадолатација (проширување на крвните садови), ја подобрува трофиката на ткивото, хиперемија (подобра прокрвеност), подобра ресорпција на распаднати продукти од хемиски процеси во ткивата. Воедно влијае на биосинтеза на белковини (пртеини) како важен дел на имунолошкиот систем.