Закажи
термин

Медицински услуги

Врвни услуги од современата медицина

Ехо на срце

Ехо на срце – Ехокардиографија е ултразвучен преглед на срцето. Денеска тоа е рутинска метода во дијагностиката на срцевите заболувања. Овозможува визуелно претставување на срцевите структури и функција.
Апаратот за ехокардиографијата преку посебни пиезоелектрични сонди, емитува ултразвични бранови во телото. Истата сонда делува и како приемник на одбиените бранови, а пак тие се обработуваат во апаратот во форма на ултразвучна слика на срцето која може да се види на екран. Сликата може да биде еднодимензионална, дводимензионална или доплерска.
Последната овозможува истовремено претстатување на поединечните структури и течењето на крвта низ срцевите простори и залистоци. Крвната струја може да се слуша и да биде прикажана во боја на екранот.
За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање на соодветен здравствен проблем е клучен сегмент за вашето здравје!