Пакет скрининг против рак на дојка мамографија + ултразвук (ехо)

04-08-2022

Рак на дојките е најчестиот вид рак кај нас. Редовен скрининг е најдобрата шанса на време да се открие рак на дојката, додека е сѐ уште мал и може да се третира. Раното откривање може да спаси живот, особено кај рак на дојките.

Ризикот за рак на дојките значително се зголемува по 40-тата година. 1 од 6 жени дијагностицирани со рак на дојка се во 5-тата деценија од животот. Најмногу загубени години од животот поради рак на дојките има кај жените на возраст од 40 до 49 години.

Скринингот за рак на дојка има неколку облици, од само-преглед, преку преглед кај Вашиот лекар, сѐ до дијагностички процедури со сликање – мамографија и ултразвук (ехо) на дојките.

Мед-Х дијагностика им препорачува на сите жени да започнат со мамографија и ехо на дојките кога ќе наполнат 40 години и потоа да ги повторуваат еднаш секоја наредна година.

Ехото вообичаено не се користи како примарна скрининг алатка против рак на дојка. Како и да е, ако се користи заедно со мамографија, совршено ги надополнува останатите алатки за скрининг против рак на дојка. Најчесто, ехо се препорачува кога ќе се открие некаква аномалија на мамограмот.

Освен откривање рак на дојките, мамограмот исто така може да утврди дали жената има густо ткиво на дојките. Жените со погусто ткиво на дојките имаат поголем ризик за развој на рак во тек на животот. Воедно, потешко е да се утврди рак на дојките со мамографија кај жени кои имаат погусто ткиво. Половина од жените кај нас имаат густо ткиво на дојките. Во тие случаи задолжително се препорачува и ултразвук (ехо) на дојките.

Најдобро е мамографијата и ехото да се направат 1 до 2 седмици од почетокот на менструалното крварење, бидејќи дојките тогаш се помалку чувствителни, така што прегледите ќе бидат помалку непријатни.

Останати новости

15/03/2023 Stefan Vidinski

Управување со болка

Вовед Животот со хронична болка може да биде фрустрирачко и исцрпувачко искуство. Тоа може да ги направи дури и едноставните задачи, како што се станувањето од кревет или готвењето оброк, да изгледаат...

01/03/2023 Stefan Vidinski

Напредни технологии за дијагностичко снимање

Како напредните технологии за дијагностичко снимање можат да помогнат во откривање и спречување здравствени проблеми? Оваа статија се фокусира на тоа како современите технологии за дијагностичко снима...

22/02/2023 Stefan Vidinski

Цервикална и лумбална радикулопатија: улога на медицинските снимања

Цервикалната и лумбалната радикулопатија се две вообичаени состојби кои влијаат на нервите во вратот и долниот дел од грбот, соодветно. Овие состојби може да предизвикаат болка, вкочанетост и слабост ...