Закрепнувањето по инфекција со SARS-CoV-2 е променливо. Иако повеќето целосно се опоравуваат, други имаат последици долго откако ќе се опорават од акутната инфекција со сериозност на симптомите кои се движат од лесни до тешки. Кај заболените со лесен COVID-19, околу 26% имаат умерени до тешки симптоми 2 месеци и 15% имаат умерени до тешки симптоми во текот на 8 месеци. Најчесто пријавените симптоми се губење на вкус или мирис, замор и отежнато дишење.
Оваа констелација на симптоми, првично наречена „долг COVID“, сега се нарекува пост-акутни последици на COVID-19. Факторите на ризик за симптоми по инфекцијата вклучуваат одмината возраст, поголема телесна тежина, женски пол и поголем број на симптоми за време на акутната болест. Пациентите кои се опоравуваат од COVID-19 може да имаат постојани симптоми и радиолошки абнормалности со променлива тежина.
3 месеци по акутната инфекција, една подгрупа на пациенти имаат абнормалности на дигитален рентген и компјутерска томографија на белите дробови кои вклучуваат непроѕирност на белодробното ткиво што личи на искршено стакло (ground glass opacity) и субплеврални ленти, со истовремени абнормалности на белодробната функција.
На 6 месеци по акутната инфекција, некои пациенти имаат постојани промени на дигитален рентген и компјутерска томографија на белите дробови кои сугерираат на фиброза (замена на функционалното белодробно ткиво со нефункционално сврзно ткиво), како што е т.н. ретикулација, со или без паренхимално изобличување.
Овие компликации може да бидат последица од:
Повеќе од 50% од претходно хоспитализираните преживеани од инфекција со SARS-CoV-2 ќе имаат абнормалност на дигитален рентген и компјутерска томографија на белите дробови, почесто кај оние со потешка акутна инфекција.
Најчестите абнормалности се непроѕирност на белодробното ткиво што личи на искршено стакло, паренхимални или субплеврални ленти, ретикуларна абнормалност, доказ за фиброзна абнормалност и заробување на воздухот.
Прецизниот радиолошки опис е многу важен; терминот фиброза треба да биде резервиран за оние со јасни докази за фиброза (тракција, бронхиектазии или бронхиолектаза, саќе, или архитектонско нарушување).
Споредбата со снимките во акутната фаза е важна за да се разбере временскиот тек на абнормалноста.
Долгорочниот исход на радиолошките промените по COVID-19 и влијанието врз белодробната функција и квалитетот на животот до денес не се познати.
Потребни се идни истражувања за да се утврди долгорочното опстојување на белодробната болест по COVID-19, неговото влијание врз пациентите и методите за нејзино спречување или лекување, вклучувајќи го и потенцијалот на антифибротичните агенси за превенција од белодробна фиброза по COVID-19.
Вовед Животот со хронична болка може да биде фрустрирачко и исцрпувачко искуство. Тоа може да ги направи дури и едноставните задачи, како што се станувањето од кревет или готвењето оброк, да изгледаат...
Како напредните технологии за дијагностичко снимање можат да помогнат во откривање и спречување здравствени проблеми? Оваа статија се фокусира на тоа како современите технологии за дијагностичко снима...
Цервикалната и лумбалната радикулопатија се две вообичаени состојби кои влијаат на нервите во вратот и долниот дел од грбот, соодветно. Овие состојби може да предизвикаат болка, вкочанетост и слабост ...