Октомври е месец за свесност против рак на дојките

05-10-2022

Ракот на дојка е страшна помисла и за жал премногу жени сѐ уште неоправдано претпоставуваат дека тоа нема да им се случи баш ним.

Сепак, факт е дека на секои 10 минути на 1 жена ѝ се дијагностицира рак на дојка. Затоа, немојте да бидете неодговорни, за време на месецот за подигање на свеста против рак на дојка, закажете преглед, тоа може да Ви го спаси животот.

Раните знаци за рак на дојка може да бидат грутка во градите, болни гради или пазуви или исцедок од брадавицата. Дури и ако не е присутен ниту еден од овие симптоми, треба да се посети лекар за да бидете целосно сигурни. Лекарот најверојатно ќе направи рачен преглед и ќе Ве испрати на мамографија и/или ехо на дојка. Прегледите се безболни и траат само 10-тина минути.

Ако сепак се појави некој од овие симптоми, нема потреба за паника. Долготрајна болка или грутка во градите можат да бидат и совршено безопасни. Болката може да биде знак за циста, а грутката може да биде и бенигна. Сепак, секогаш е подобро да бидете сигурни.

Ако мамограмот и/или ехото потврдат грутка, Вашиот лекар ќе Ве упати на биопсија. Овој тест ќе покаже дали грутката е бенигна (безопасна) или малигна (канцерогена). Ако грутката е канцерогена, сè уште нема причина за паника. Раното откривање е спас. Со едноставна операција, грутката се отстранува по што лекарот ќе разговара со Вас за дополнителни опции.

Ако никогаш не сте направиле мамограм или ехо на дојка, закажете термин за време на месецот за подигање на свеста против рак на дојката. Може да земете пријател или член на семејството со себе и потоа ќе бидете спокојни.

Најдобро е мамографијата и ехото на дојка да се направат 1 до 2 седмици од почетокот на менструалното крварење, бидејќи дојките тогаш се помалку чувствителни, така што прегледите ќе бидат помалку непријатни.

Ултразвук (ехо) е подобар избор ако:

  • Имате проблеми/симптоми на дојката и сте под 30 годишна возраст
  • Имате проблеми/симптоми на дојката и сте бремена (затоа што ехото не користи зрачење, додека мамографијата користи.)
  • Имате циста која треба да се испразни.

Мамографија е подобар избор ако:

  • Имате големи дојки со густо ткиво кое спречува јасна слика преку ехо.

Останати новости

16/11/2022 Stefan

Предности на отворена магнетна резонанца за деца

Отворената магнетна резонанца во Поликлиниката и центарот за болка Мед-Х Дијагностика е подобра опција за деца во споредба со традиционалната, затворена машина за магнетна резонанца, бидејќи не ги ограничува децата во мала кутија. Покрај оваа, има уште многу предности од користењето напредна, отворена магнетна резонанца во Мед-Х за Вашите деца. Ако на Вашето дете му треба магнетна резонанца, дознајте зошто отворената магнетна резонанца е подобар избор.

14/11/2022 Stefan

Улога на магнетната резонанца во дијагностицирање, одредување стадиум и лекување на дијабетес

Испитувањата со снимање не се дел од примарните процедури за поставување на основна дијагноза за дијабетес. Најчестите дијагностички алатки за да се утврди дали некој има дијабетес вклучуваат медицинска историја и преглед заедно со скрининг на крвта во форма на тест за хемоглобин A1C, тест за шеќер во крвта на гладно или орален тест за […]