Физикалната медицина и рехабилитација или скратено физијатрија, е специјалност во медицината која има за цел да ги подобри и врати функционалните способности и квалитетот на животот на лицата со физички оштетувања или инвалидитет.
Физијатрите ги дијагностицираат и третираат како возрасните, така и децата со акутна и хронична болка, вклучувајќи ги и лицата со краткорочни или долготрајни физички и/или когнитивни оштетувања и попречености кои се резултат на мускулно-скелетни состојби (болка во вратот или грбот, спортски или работни повреди), невролошки состојби (мозочен удар, повреда на мозокот или повреда на ‘рбетниот мозок) или други медицински состојби (фибромиалгија). Целта на физијатрите е да ја намалат болката и да ги подобрат перформансите без операција.
Постојат неколку модалитети кои физијатрите ги користат за лекување на болка, вклучувајќи вежбање, физикална терапија, третман со лекови и интервентни третмани за болка. Целта на специјалистите по физикална медицина и рехабилитација е “ефикасно да управуваат со сложените клинички, функционални и психосоцијални прашања поврзани со управувањето со хронична болка и да ја обноват функцијата со минимизирање на болката.”
Ќе се фокусираме на третманите за болки во долниот дел од грбот. Рехабилитацијата, конкретно кај лумбална радикулопатија, се состои од 3 фази: физијатрите поставуваат специфична дијагноза, развиваат план за лекување и нудат опции за третман; ги развиваат флексибилноста и силата за да ги доведат деловите од телото во нивните правилни позиции; и обезбедуваат домашна програма за целосно оспособување на телото, дизајнирана да ја одржува механиката на телото и да ја зголеми издржливоста.
Се проценува дека болката во грбот е причина за 45% од сите посети на физијатрија и е една од најскапите повреди за лекување. Преваленцата на лумбална радикулопатија е поголема кај мажите отколку кај жените, која се јавува кај 2% до 5% од мажите и 1% до 3% од жените. Фактори на ризик за болки во долниот дел од грбот вклучуваат професионално возење на долги релации, често кревање (особено со извртување), работа во тешка индустрија, траума на грбот, висок раст, пушење, прекумерна тежина, седентарен начин на живот, повеќекратна бременост кај жени, историја на болки во грбот и хронична кашлица. Факторите на животната средина се одговорни за повеќето случаи на ишијас, иако семејната историја на дискус хернија е исто така фактор на ризик.
За време на посетата во Поликлиниката и Центарот за болка Мед-Х дијагностика, ќе се изврши физикален преглед за да се процени интензитетот и факторите на влошување/смирување, како и силата, рефлексите, сензацијата, способноста за одење, опсегот на движење во колкот и присуството на други симптоми од болеста. Попреченоста на пациентот може да се процени и со користење на прашалници. Може да се употреби дигитален рентген за скрининг на останати проблеми, како што се на пр. фрактури. Магнетната резонанца (МР) и компјутеризираната томографија (КТ) се користат првенствено за да се потврди дијагнозата, или во случаи кога рехабилитацијата не е ефикасна.
Поголемиот дел од пациентите (70% до 80%) доживуваат подобрување на болката и инвалидноста во рок од 4 до 6 недели со релативен одмор и модификација на активноста, а само 1% до 10% од пациентите ќе имаат потреба од операција. Менаџментот за рехабилитација нагласува враќање на активноста. Често се користат терапија со магнетно поле, ултра звучна терапија, ласер терапија, терапија со инфра црвена светлина, електро терапија. Хроничната болка, исто така, може да се третира со комплементарни и алтернативни модалитети, како што се кинези терапија и мануелна масажа.
Едукацијата за механика на телото, истегнување, зајакнување и аеробни вежби се меѓу најчесто препорачуваните програми за домашно лекување. Вежбањето за стабилизирање на трупот, како и зајакнувањето на горниот и долниот дел од телото и зголемената флексибилност се исклучително корисни.
Во денешниот живот со брзо темпо, пристапноста и ефикасноста се најважни во здравствената заштита. Навремените и точни дијагнози може да направат значителна разлика во исходот за пациентот. Затоа сме ...
Магнетната резонанца е моќна дијагностичка алатка која користи магнетно поле и радио бранови за да произведе детални слики од внатрешните органи и структури на телото. Технологијата измина долг пат од...
Камењата во бубрезите и жолчните камења се две вообичаени состојби кои засегаат милиони луѓе ширум светот. И двете може да предизвикаат силна болка и непријатност и бараат итна медицинска помош. Еден ...