Заради општото стареење на популацијата, бројот на лица со мускуло-скелетни заболувања е во постојан пораст.
Речиси 1/4 од населението кај нас има некаква мускуло-скелетна болест. Од симптомите, најчеста е болка во долниот дел од грбот.
Мускуло-скелетните заболувања значително ја ограничуваат подвижноста, што предизвикува намален квалитет на животот и спречува активно учество во општеството.
Типичен симптом на сите овие заболувања е болката (најчесто хронична) во:
Најчесто, причината за болка во долниот дел од ‘рбетот се повреди на меките ткива. Овие повреди вклучуваат оштетувања на меѓупршленските дискуси, компресија на нервните корени или неправилно движење на меѓупршленските зглобови.
Убедливо најчеста причина за болка во долниот дел од грбот е истегнат мускул и/или лигамент. Од практични причини, не е битно дали е оштетен мускулот или лигаментот, затоа што симптомите и третманот се исти. Ова може да настане ненадејно, или постепено да се развие поради повторувачки движења.
Вообичаени причини за истегнување се:
Болката може да се смета за хронична ако трае подолго од 3 месеци.
Причини за хронична болка во долниот дел од грбот:
Кога ќе почувствувате болка во мускул, тетива, лигамент или зглоб, побарајте помош од специјалист ортопед.
Повеќето мускуло-скелетни повреди се не-хируршки, така што сѐ освен скршеници може да се третира во специјалистичка амбуланта по ортопедија, вклучително и дијагностика на нервни болки.
Специјалистот ортопед најдобро разбира од каде доаѓа болката и кој е најдобриот начин за нејзино третирање. Тој ќе понуди најминимално-инвазивни и најконзервативни можности за ублажување на болката, независно дали потекнува од:
Првото нешто кое специјалистот за болка ќе го направи е подобро да ја разбере Вашата болка. Третманот на ортопедската болка е ефикасен само ако дијагнозата е точна.
👨⚕️ Специјалист ортопед во Мед-Х.
Телефони за закажување достапни нон-стоп: 📱 076 344 343, 📱 078 345 070 или ☎️ 02 2792 003
🏥 Med-X – со нас се живее подолго.
www.medx.mk
Пакет скрининг против рак на дојка мамографија + ултразвук (ехо). Рак на дојките е најчестиот вид рак кај нас. Редовен скрининг е најдобрата шанса на време да се открие рак на дојката, додека е сѐ уште мал и може да се третира. Раното откривање може да спаси живот, особено кај рак на дојките.
Остеоартритисот (ОА) претставува најчесто мускулно-скелетно заболување што се карактеризира со постепено губење на зглобната 'рскавица. Тоа доведува до постепено истенчување на 'рскавицата и зголемено триење на коскените структури што води до болка, вкочанетост, отежнато и нарушено движење.