Најпрво, кога одите на лекар пред се што треба да направите е да закажете термин. Ова е препорачливо бидејќи ќе се избегне редот на чекање што може да се створи доколку немате закажано термин. На тој начин нема да бидете во контакт со никого освен со медицинските лица.
Второ, треба да ја ставите вашата заштитна маска секогаш кога излегувате од дома.
Трето, пред да влезете во здравствената установа во која одите дезинфицирајте ги рацете и не фаќајте ништо освен тоа што ви е кажано.
Четврто, кога ќе завршите со прегледот дезинфицирајте ги повторно рацете и не го фаќајте лицето со рацете додека сте на преглед.
За крај, кога ќе стигнете дома измијте ги рацете и дезинфицирајте ги предметите кои сте ги фатиле кога сте биле излезени надвор од дома.
Со нас се живее подолго.
Мед – Х
Дали знаевте дека железо-дефициентната односно сидеропенична (недостаток на железо) анемија е сезонска состојба, почеста во зима и рана пролет? Дневните потреби за железо варираат зависно од физиолошката состојба (менструација, крварење, бременост) и прехранбените навики (вегетаријанци, вегани). Железо-дефициентната анемија е најчестиот нутритивен дефицит ширум светот. 2% од возрасните мажи и 9 до 12% од возрасните жени […]
Повредите на мускулите, коските и зглобовите кај професионалните спортисти, но исто така и рекреативците-ентузијасти се исклучително чести и може да бидат причина за долги периоди на неактивност. Медицинското снимање игра клучна улога во обезбедувањето точни дијагностички и прогностички информации во врска со лекувањето на спортски повреди. Секоја несоодветна дијагноза може да предизвика одложено враќање во […]
Дигиталната радиографија (ДР) е модерен метод за добивање рендгенски слики, кој користи дигитални електронски сензори и уреди за дигитално снимање наместо традиционалниот фотографски филм. Ова овозможува речиси веднаш да се добијат рендгенски слики. Брзината за обработка на слика кај ДР им овозможува на радиолошките техничари да направат слика за итен преглед е нејзината најголема предност […]