Физикална терапија за болки во грбот

13-10-2022

Хроничните болки во грбот кај повеќето луѓе се влошуваат на есен и во зима.

Спротивно на популарното верување, болките во грбот не произлегуваат од студеното време. Научно, нема многу докази кои ги поврзуваат температурните промени со болките во грбот. Наместо тоа, научниците почнуваат да наоѓаат врски помеѓу промените во барометрискиот притисок и болката.

Барометриски притисок – или атмосферски притисок – е тежината на атмосферата околу нас. Атмосферскиот притисок обично е незабележлив, но студеното, влажно време може да предизвика ненадеен пад на овој притисок. Намалениот атмосферски притисок предизвикува ткивата на телото да се шират и да ги притискаат зглобовите и структурите во грбот, а ќе препознаете дека притисокот паднал така што постојаната болка во грбот ќе се врати.

Дополнително, вреди да се напомене дека променливите температури не предизвикуваат вистинска повреда на грбот!

Наместо тоа, зглобовите и/или лигаментите се веќе воспалени од некаква повреда, без разлика дали е неодамнешна или поранешна. Дополнителниот оток од воспалението се шири над меките ткива и мембраните во и околу зглобовите. Потоа, кога атмосферскиот притисок опаѓа, оваа течност што го опкружува зглобот се шири, со што ткивата и мембраните на телото се шират уште повеќе. Оваа верижна реакција значи дека нервните влакна за болка се иритирани – и одеднаш стануваме акутно свесни за болката во грбот.

За поздрав живот исполнет со среќни моменти, навременото дијагностицирање и лекување на овој чест здравствен проблем е клучен за Вашето здравје!

Поликлиниката и Центарот за болка Мед-Х Дијагностика располага со најсовремени професионални апарати за физикална терапија, со многу задоволни клиенти услужени без чекање.

 

Терапија со магнетно поле

 

 

Безбедна, неинвазивна форма на физикална терапија, која се користи како за акутни, така и за хронични заболувања, со цел да се ублажат болките и да се подобри циркулацијата во крвта.

  • Ја ублажува болката
  • Ги опушта прекумерно затегнатите мускули
  • Го смалува отокот
  • Го забрзува процесот на опоравок и
  • Го зајакнува имунитетот

 

Ултразвучна терапија

 

 

Ултразвучната терапија има способност да делува длабински, така што ја зголемува температурата во длабочина на ткивото од 3-5 цм, без да ја загрее кожата или поткожното ткиво.

Ултразвукот предизвикува ширење на крвните садови, со што ја подобрува прокрвеноста на ткивата за подобра ресорпција на распаднатите продукти од метаболните процеси во организмот. Воедно поволно влијае на создавањето протеини, како важен дел од имунолошкиот систем.

 

Ласер терапија

 

 

Ласер терапијата има двоен механизам на делување. Од една страна директно локално дејство на ткивото во вид на метаболни промени, а од друга страна појава на индиректни, рефлексни реакции како одговор на метаболните промени во ткивото.

Се применува кај:

  • Рани кои бавно зараснуваат
  • Кожни болести
  • Воспалителни, трауматски и дегенеративни оштетувања на меките ткива
  • Воспалителни и дегенеративни заболувања на зглобовите и ‘рбетниот столб
  • Болни синдроми (ревматолошки, невролошки и ортопедски)

 

Електро терапија

 

 

  • Дијадинамски струи
  • Транс-кутана електрична стимулација на нервите
  • Електрофореза
  • Интерферентни струи
  • Галванска струја

 

Останати новости

15/03/2023 Stefan Vidinski

Управување со болка

Вовед Животот со хронична болка може да биде фрустрирачко и исцрпувачко искуство. Тоа може да ги направи дури и едноставните задачи, како што се станувањето од кревет или готвењето оброк, да изгледаат...

01/03/2023 Stefan Vidinski

Напредни технологии за дијагностичко снимање

Како напредните технологии за дијагностичко снимање можат да помогнат во откривање и спречување здравствени проблеми? Оваа статија се фокусира на тоа како современите технологии за дијагностичко снима...

22/02/2023 Stefan Vidinski

Цервикална и лумбална радикулопатија: улога на медицинските снимања

Цервикалната и лумбалната радикулопатија се две вообичаени состојби кои влијаат на нервите во вратот и долниот дел од грбот, соодветно. Овие состојби може да предизвикаат болка, вкочанетост и слабост ...